Top Sport

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Легендарниот украински фудбалер Андриј Шевченко воведува неверојатно правило во тамошниот фудбал. Судиите ќе мора да поминат на полиграф пред натпреварите. Судиите ќе бидат избрани по случаен избор, а целта на овој проект во украинскиот фудбал е да се стави крај на местењето натпревари.

Оваа информација ја пренесува италијанскиот весник „Кориере дела сера“, со образложение дека идејата на Шевченко има за цел „да ја намали корупцијата во фудбалот и да спречи местење натпревари“.

Судиите ќе мора да поминат тестирање пред натпреварите. Нешто слично како случајните допинг тестови за фудбалерите, кои се прават по натпреварите.

„Го гледаме полиграфот како шанса да добиеме повеќе информации и да разбереме кои судии можат да се справат со оваа работа, а кои не. Почнуваме од нула“, рече Шевченко, поранешен напаѓач на Милан, Челзи и Динамо Киев.

Scroll to Top