Top Sport

Судија, го гледаше како паѓа на СП?

Фудбалската репрезентација на Бразил, во првиот натпревар по Светското првенство, успеа да забележи победа. „Селесао“, во Њуџерси, со головите на Фирмино и Нејмар од пенал славеше 2:0 против САД.

Главна ѕвезда на натпреварот беше најскапиот играч во сетот Нејмар. Американците неколку пати имаа примедби на неговите „актерски“ вештини.

По една таква ситуација, камерите го уловија репрезентативецот на САД, Деандре Једлин, како го прашува судијата дали го гледал Светското првенство.

Нејмар, додека Бразил не испадна од мундијалот, беше критикуван дека премногу лесно паѓа, а на социјалните мрежи беше исмејуван поради глумата.

Scroll to Top