Судијата во француската Лига 1, Тони Шапрон направи нешто досега невидено на фудбалските терени судејќи го мечот меѓу Нант и Пари Сен-Жермен во неделата навечер.
Шапрон беше вклучен во неверојатен инцидент откако случајно беше сопнат од Диего Карлос. Судијата потоа го шутна играчот, пред да му покаже на бразилскиот дефанзивец втор жолт картон.
Уште позачудувачки, токму Шапрон му застана на патот на Карлос кога двајцата трчаа по Килијан Мбапе предизвикувајќи го инцидентот. Навистина непрофесионално. ПСЖ, инаку, победи со 1:0.
The main referee of the game Nantes – PSG, Tony Chapron, sent off the Brazilian Diego Carlos. The reason, the defender knocked down Chapron in the middle of the one race on the field. Who is right? pic.twitter.com/CN1AykGtJr
— ? ? ? ? ? ? (@RobbieRuud) January 14, 2018