Top Sport

Судијата Клатенбург призна: Навивам за Њукасл, најдобриот клуб во светот

Судијата Марк Клатенбург сега кога е далеку од Премиерлигата конечно призна дека е голем навивач на Њукасл.
Англискиот судија сега ја дели правдата во Кина, заедно со Србинот, Милорад Мажиќ како единствени двајца судии од Европа.

Клатенбург својата приврзаност кон Њукалс ја призна на социјалната мрежа Твитер каде одговараше на фудбалски прашања на навивачите.

Еден фан го праша за кого навива, па Клатенбург без да крие рече:

„За Њукасл Јунајтед, најдобриот клуб на целиот свет“ – рекол судијата.

Клатенбург дури 17 години водеше натпревари во најсилното англиско друштво, но ниеднаш не му судел на Њукасл.

Scroll to Top