Top Sport

Ван Гал за Де Лихт: Да сум на негово место, би одел во Барса или Сити!

Прославениот холандски тренер, Луј Ван Гал ги коментираше случувањата на првиот четвртфинален меч меѓу Ајакс и Јувентус во Амстердам. Посебно се осврна на играта на дефанзивецот на холандскиот клуб, Матијас де Лихт.

„Де Лихт во Јувентус? Тој може да игра во секоја лига. Во Италија се мајстори за одбрана, таму може најдобро да се развие. Но кога би имал можност, јас на негово место би отишол во Барселона. Таму стоперите не се толку добри, таму би играл. Или би отишол во Манчестер Сити. Ни таму не мислам дека стоперите се сјајни, па и таму би имал големи шанси да игра“ – смета Ван Гал.

Де Лихт се поврзува со најголемите европски клубови веќе подолго време. Ван Гал верува дека овој 19-годишен играч треба да одбере средина во која ќе игра секој викенд.

„Мора да игра во тие години. Во Јувентус се Киелини и Бонучи, тешко е да се игра покрај нив.
По мечот свој осврт даде и самиот фудбалер, но не за следната дестинација во кариерата, тука за играта на Кристијано Роналдо.

„Најголем квалитет на Роналдо е фактот дека тој е предатор во шеснаесетникот. Кога ќе види шанса, му треба малку место и тогаш станува неверојатно брз. Често спринтира меѓу двајца играчи“ – смета Де Лихт.

Scroll to Top