Еден од најдобрите фудбалски судии во Англија и Европа во изминатите 15 години, Марк Клатенбург е инволвиран во секс скандал со кој неколку дена се занимваат англиските таблоиди.
Марк Клатенбург беше судија во Премиер лигата од 2004 до февруари 2017 година кога го презеде раководното место во судиската организација на Саудиска Арбија.
Таблоидите открија дека во еден период тој водел двоен живот, односно покрај со сопругата Клер (42) тој еден период редовно се гледал и со 50-годишната Андреа Нодгис.
Андреа за англискиот жолт печат изјавила дека веднаш „паднала“ на шармот на Клатенбург и открила дека во една пригода сакал да ја види облечена во високи потпетици, кратка скуња, а исто така барал нејзина фотографија во долна облека за да може да се „опушти“.
Андреа ја прекинала врската кога открила на Инстаграм дека Марк Клатенбург е оженет.
Марк Клатенбург знакот на ФИФА го носеше од 2006 година, а минатата година го судеше финалето на Европското првенство и завршниот меч во Лигата на шампионите.