Top Sport

Судијата Мажиќ се пензионираше, се сели на Кипар

Познатиот српски фудбалски судија Милорад Мажиќ решил да стави крај на својата кариера на 47 години, откако ја прифатил понудата да работи со Фудбалскиот сојуз на Кипар, јавуваат српските медиуми.

Мажиќ на Кипар ќе биде одговорен за организација на системот на фудбалски судии, и тој потпишал двегодишен договор со федерацијата.

Мажиќ беше главен судија на финалето на Лигата шампионите во 2018 (Реал Мадрид-Ливерпул), на финалето на Купот на конфедерации, Германија-Чиле во 2017, а во последно време работеше како судија во Кина, пред корона вирусот.

 

Scroll to Top