Top Sport

Тренерот на Арсенал си купи куче-чувар за 20.000 фунти

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета си купил куче-чувар за 20.000 фунти пред финалето од ФА купот против Челси за да го „шити“ својот дом од потенцијални крадци.

Шпанецот беше фотографиран со холандски овчар обезбеден од компанијата „Елит протекпн догс“, која на Британците им обезбедува  „ексклузивни кучиња за ексклузивни луѓе“. Артета се пресели од Манчестер во Лондон во декември откако стана тренер на „топчиите“ и е последниот од низата големи имиња во Премиер лигата кои се обезбедиле со кучиња-чувари.

Францускиот голман на Тотенхем, Уго Љорис потроши 15.000 фунти на белгиски овчар неколку недели откако на неговиот соиграч Деле Али крадци му влегоа во домот и го држеа под нож. Пол Погба од Манчесте јунајтед потроши слична сума на куче, како и неговите соиграчи Маркус Рашфорд и Фил Џонс. Италијанскиот напаѓач на Евертон, Моисе Кин, пак купи две кучиња по 15.000 фунти во јуни.

Scroll to Top