Top Sport

Судијата му признал на Милитао дека требало да го исклучи Винисиус

Во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на кралот, Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ го победи Реал Мадрид со 1:0 и ќе ја брани предноста за влез во финалето пред својата публика на 5 април.

Првиот меч го реши автоголот на Едер Милитао во 26. минута. По мечот многу се зборува и пишува, за тактиката за која се определи тренерот на Барселона, Чави и за арбитражата на главниот судија Хосе Луис Монуера Монтеро.

Под лупа е одлуката на Мунуера да не го исклучи Винисиус Жуниор кога резултатот беше 0:0. Бразилецот во борба за топка зго фати за вратот потоа го фрли на тревата Френки Де Јонг. Мунуера се реши да покажа жолт картон. За овој старт немаше реакција од ВАР собата.

Ден по натпреварот се појави видео на кое се гледа дека судијата е свесен каков старт направил Винисиус Жуниор.

Хозе Луис Мунуера Монтеро тоа му објаснува на Едер Милитао, кој побара објаснување од него зошто му покажал жолт картон на Винисиус.

„Едер, слушни ме, ова е фаул за црвен разбираш. Го фати за врат, а потоа го фрли на подот“.

Scroll to Top