Атлетико Мадрид го совлада Хетафе со 2:0 во 18. коло во Ла лига, во кој „шоуто“ го украде судијата Хуан Мартинез Муњуера, кој го исклучи Диего Коста за прослава на вториот гол со навивачите на „јорганџиите“.
Атлетико поведоа во 18. минута со голот на Кореа, по што следуваше „шоуто“ на Диего Коста, за кого ова е само втор меч по кам-бекот од тимот на Челси.
Коста прво во 62. минута доби жолт картон за удар со лакт, во 68. минута го постигна својот втор гол во вториот меч, за кога реши да прослави со публиката, доби втор жолт картон. Ова значи дека тој нема да може да настапи на дуелот со Еибар.