Top Sport

Судијата призна дека пеналот за Швајцарија бил грешка! (видео)

Северна Ирска беше во право. Иако правдата доаѓа предоцна и нема да има никакво влијание. Романскиот судија Овидиу Хатеган досуди пренал во баражот за пласман на Светското првенство во Русија за Швајцарија, лутејќи ги Ирците.

Хатеган оцени дека Кори Еванс го блокирал ударот со неговата рака во првиот меч од баражот, и покрај тоа што видео-снимките покажуваа дека топката удри во неговото рамо.

„Тоа беше тажен и непријатен момент за мене, тажен поради грешката која ја направив“, изјави Хатеган.

Романецот нема да биде меѓу 36-те судии кои се повикани за Светското првенство во Русија и прифаќа дека грешката на „Виндзор парк“ во Белфаст бил причина за изземањето.

„За жал, не сум меѓу тие судии, но ќе видиме дали ќе бидам судија кој ќе ги прегледува снимките. Тоа што се случи имаше големо влијание и не се кријам од тоа. Во нашиот свет, судиите се како голманите – сите ги гледаат само грешките“, додава Хатеган.

Швајцарскиот дефанзивец Рикардо Родригез постигна гол од белата точка за Швајцарија да победи со 0:1 на гостувањето во Даблин, по што во Берн резултатот беше 0:0.

Џака до Северна Ирска: Дај, заборавете на пеналот

Scroll to Top