Top Sport

Судијата собираше пари на мечот Андерлехт-Баерн (Видео)

Синоќа на стадионот „Констант Ванден Сток“ во Брисел, на натпреварот во Лигата на шампионите на теренот имаше по 11 играчи на двете страни, пет судии и многу пари!

Банкноти од по 100 евра беа расфрлани по тревникот од лутите навивачи на минхенски Баерн.

Фановите на германскиот тим на овој начин го изразија своето незадоволство поради скапите билети за натпреварите што се играат во Лигата на шампионите.

Билетите за натпреварот во Белгија се продавале по цена од 100 евра, а кога фановите на Баерн го искажале своето незадоволство, домаќинот ја намалил цената на 70 евра.

Покрај перформансот со парите, кои секако биле лажни, фановите на баварскиот клуб на стадионот истакнале и транспаренти: „Дали вашата алчност конечно е задоволена?“ и „100 евра?“.

Баерн победи во Брисел 2:1 со головите на Левандовски и Толисо.

Scroll to Top