Шампионот на Босна и Херцеговина, Сараево загуби со 2:1 од белорускиот Динамо Брест во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, во меч во кој им беше поништен чист гол за израмнување поради непостоечки офсајд.
Гордејчук ги донесе Динамо водство уште во третата минута, кога топката се одби од еден од одбранбените играчи на Сараево и заврши во мрежата на Ковачевиќ. Во 34. минута, Сараево успева да израмни преку Ѓокановиќ и со 1:1 се отиде на полувреме.
Белорусите повторно дојдоа во водство во 49. минута преку Абдулаје Диало, пред да дојде најконтроверзниот момент во мечот, во 55. минута кога Ахметовиќ ја затресе мрежата на Динамо, но кипарскиот судија Сотиру некако виде офсајд.