Поранешниот фудбалер на Ливерпул, легендарниот Греем Сунес му го даде можеби најдобриот комплимент на сегашниот менаџер на клубот Јирген Клоп споредувајќи го легендата на клубот, Бил Шенкли.
Клоп пристигна на „Енфилд“ од Борусија Дортмунд во 2015 година, трансформирајќи го клубот во фаворит за титула и освојувајќи ја Лигата на шампионите, а во исто време ги придоби и навивачите кои просто го обожуваат. Само прекинот на сезоната поради корона вирусот ги спречи Ливерпул во победничката сезона во Премиер лигата, во која направија 25 поени предност пред Манчестер сити по три четвртини од сезоната.
Сунес го спореди Клоп со легендата Шенкли, кој ги предводеше Ливерпул до три лигашки титули во 1960-тите и 1970-тите.
„Тој се вклопува во Ливерпул бидејќи ги чувствува емоциите од местото. Ливерпул е емотивен фудбалски клуб, со историја, со трагедии. Ја чувствуваш таа емоција кога ќе отидеш на ’Енфилд’ и ќе ја чуеш ’You’ll Never Walk Alone’. Тој е целосно спротивен од Боб Пејзли и Џо Феган, и наликува на Бил Шенкли, кој знаеше како да зборува, беше шоумен и виситнски лидер. Го сфаќа клубот и завршува фантастична работа“, вели Сунес.