Top Sport

Сунес: Роналдо е најдобриот во историјата, а Тен Хаг бргу ќе биде заборавен

Грем Сунес, поранешниот ас на Ливерпул, а подоцна и менаџер на славниот клуб го кажа своето мислење за односот помеѓу Кристијано Роналдо и Ерик Тен Хаг, менаџерот на Манчестер јунајтед.

На дуелот против Тотенхем, кој Манчестер го доби со 2:0, Роналдо прво одби да влезе во игра, а потоа пред крајот на натпреварот замина во соблекувалната.

Поради ова тој беше отстранет од тимот за дуелот со Челзи. Сепак, работите сега и официјално се средија и славниот Португалец повторно тренира со првиот тим.

„За пет години, Тен Хаг ќе биде далеку од Манчестер и никој нема да се сеќава на времето поминато во Јунајтед. Од друга страна, Роналдо ќе остане запаметен како најдобриот кој некогаш играл фудбал“, изјави Сунес.

Јунајтед вечерва му гостува на Шериф во Лига Европа и се очекува Роналдо да биде во стартниот состав.

Scroll to Top