Top Sport

Сунес: Роналдо многу време поминува седејќи на газот!

Ливерпул не треба многу да се плашат од Кристијано Роналдо во финалето на Лигата на шампионите, бидејќи неговото време е поминато, смета легендата на Ливерпул, Греем Сунес.

„Црвените“ ќе се судрат со 12-кратните европски шампиони во Киев во сабота за најголемата европска титула, и Сунес не верува дека Португалецот е опасност каква што бил во минатото, иако многумина го ценат мечот како пресметка на Роналдо против Мохамед Салах, кој постигна 42 гола за Ливерпул оваа сезона.

Роналдо влегува во мечот со најслабата сезона во Шпанија според головите од доаѓањето во 2009, постигнувајќи 26 гола во 27 меча и Шкотланѓанецот вели дека тоа зборува многу. Во ЛШ, Роналдо има 15 гола во 12 меча, иако не постигна ниту еден гол во двомечот со Баерн.

„Тој сега многу време поминува седејќи на газот, жалејќи се дека го повредиле, и игра далеку од шестнаесетникот. Тој уште може да оствари големи работи, но како и Реал, не е истиот како пред 12 месеци“, вели Сунес во колумна за „Тајмс“.

Сунес освои три европски титули со Ливерпул од 1978 до 1984 година, со 359 настапи за Ливерпул. Тој потоа беше и нивни менаџер, освојувајќи го ФА купот во 1992 година.

Scroll to Top