Легендата на Ливерпул, Греем Сунес, по заминувањето на Пол Погба од Манчестер јунајтед си најде нова „жртва“ за критикување, новиот дефанзивец на „ѓаволите“, Лисандро Мартинез, по неговиот трансфер од 57 милиони фунти од Ајакс.
Кога пристигна Мартинез во Јунајтед, сите се чудеа како ќе се снајде дефанзивец во Премиерлигата со височина од само 175 сантиметри, но откако беше предмет на критики во првите два меча, Аргентинецот двапати беше прогласен за „човек на мечот“ при победите над Ливерпул и Саутемптон. Сунес смета дека височината на Мартинез ќе создава проблеми и не е импресиониран од дефанзивецот.
„Го гледав мечот со Саутемптон, тие го поставува Че Адамс против него и постојано топките одеа на негова глава. Тој е вертикално ограничен и се мачев да се потсетам кој таков во Премиерлигата или во старата Прва дивизија имал успех со таква височина. Мислам дека сите ќе играат на него. Против Халанд, Дарвин или Митровиќ, оф леле, тоа ќе биде интересно. Тој не е специјален во ниту еден сегмент. Исто така не ми се допаѓа што премногу оди на земја. Тоа не е добар знак за дефанзивец. Умните стојат на нозе и се подготвени. Ако одиш во старт секој момент, тоа значи дека не ја читаш играта“, вели Сунес.
? “I think Martinez will be sorely tested and be found out in the PL.”
❌ “He’s not special at anything!”
?♂️ “Martinez goes to ground too readily, the clever defenders stay on their feet.”
Graeme Souness says #MUFC’s “vertically challenged” Martinez will fail in the PL. pic.twitter.com/jSjkWCmQJ2
— talkSPORT (@talkSPORT) August 29, 2022