Top Sport

Супер-голот на Роналдињо против Англија бил намерен? (видео)

Ривалдо тврди дека неговиот сонародник Роналдињо ја искористил „навиката“ на Дејвид Симан да стои чекор напред при слободните удари за да го постигне победничкиот гол во четврт-финалето на СП во 2002 во Јужна Кореја и Јапонија.

При резултат 1:1, Роналдињо постигна апсолутно неверојатен гол од слободен удар за да го предводи „Селесао“ до 2:1 победа и подоцна до петта светска титула. Мајкл Овен ги донесе „трите лава“ во водство, но Ривалдо израмни пред крајот на полувремето. Потоа на сцена стапи Роналдињо, кој од 35 метри успеа да го измами Симан. Малку подоцна, Роналдињо доби црвен картон за опасен старт, но тимот на Фелипе Сколари изддржа до победата.

Симан беше критикуван за позиционирањето и многумина сметаа дека Роналдињо се обидел да нафрли во шестнаесетникот, но Ривалдо инсистира дек не е така.

„Се сеќавам многу добро на натпреварот. Роналдињо ми асистираше на првиот гол, а потоа во второто полувреме го постигна тој славен гол. Јас не помислував дека ќе се обиде да направи такво нешто, но по мечот ми кажа дека знаел дека Симан оди напред на слободните удари и се обиде да го изненади. Да се постигне таков гол со десната нога е неверојатно бидејќи повеќе би му одговарало на некој левучар. Но, за Роналдињо не постоеја невозможни задачи“, вели Ривалдо.

Scroll to Top