Супер компјутер има одговор на прашањето кој е подобар Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Професори од универзитетот КУ Лувен и аналитичарите од компанијата СиСпортс смислиле формула според која го добиле одговорот на ова прашање.
„Головите и асистенциите се темелот за вредноста на фудбалерите. Головите се реткост, но се проценува дека на еден натпревар се одигруваат просечно по 1.600 акции. Нашиот модел ги опфаќа сите тие акции, шутеви, дриблинзи, дуели. Потоа ја пресметуваме нивната вредност“, објаснил професорот Џеси Дејвис.
Во анализата биле користени податоци за Роналдо и Меси од сезоната 2013/2014 до крајот на сезоната 2017/2018 кога Португалецот од Реал се пресели во Јувентус.
Супер компјутерот пресметал дека Меси е многу подобар играч о Роналдо.
Неговиот ВАЕП коефициент (Valuing Actions by Estimating Probabilities) по натпревар е 1,21, додека овој коефициент кај Роналдо е само 0,61.
„Во првите две сезони биле речиси израмнети, но од сезоната 2015/2016 Меси ја направи разликата“, појаснил студентот Том Декрос кој учествувал во истражувањето и дополнил.
„Имаме фудбалери кои учествуваат во многу акции но немаат висока вредност, таков пример е Пол Погба. Во исто време имаме фудбалери кои помалку учествуваат во играта, но имаат голем учинок. Тоа е карактеристично за напаѓачите какви што се Хари Кејн, Мохамед Салах или Кристијано Роналдо. Но на ова поле Меси е исклучителен, има голем број на акции кои имата висока вредност“.
Science reveals that Leo Messi is twice as good as Cristiano Ronaldo https://t.co/8dGi2VfwGT
— SPORT English (@Sport_EN) June 10, 2020