Top Sport

Супер-компјутерот пресмета кој ќе ја освои ЛШ

Супер-компјутерот пресметал дека Манчестер сити ќе ја освои титулата во Лигата на шампионите. Најпрестижното клупско натпреварување стартува вечерва, титулата ја брани Челси.

Супер-компјутерот на четата која ја предводи Пеп Гвардиола и додела 16 отсто од шансите дека ќе се закити со трофејот. Интересно, ПСЖ, кој со Лионел Меси состави моќен тим, според оваа прогноза има само четири отсто од шансите да стане шампион.

Втор фаворит е Баерн Минхен (11 отсто), Челси има 10 отсто шанси да ја одбрани тирулата, Ливерпул девет, Барселона осум, Реал шест, а Манчестер јунајтед пет отсто.

Scroll to Top