Top Sport

„Супер Марио“ пред бразилска авантура

Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели преговара со бразилскиот Фламенго за изненадувачки трансфер јавуваат повеќе италијански медиуми.

Балотели е слободен фудбалер откако Олимпик Марсеј реши да не му го продолжи договорот откако тој помина половина сезона на „Велодром“ како позајмен фудбалер од Ница. За неговите услуги се заинтересирани повеќе клубови од Серија А, но сега изненадувачки на маса е понудата од бразилскиот клуб.

Фламенго веќе имаат двајца фудбалери кои играле во Серија А, поранешниот напаѓач на Интер, Габриел Барбоса и поранешниот фудбалер од средниот ред на Рома, Жерсон.

Scroll to Top