Top Sport

Ел Мундо: Атлетико има доказ дека Барса и Гризман преговарале во март

Севан Каријан, еден од агентите на Антоан Гризман во март оваа година пратил електронска пошта (е маил) до сестрата на фудбалерот Мод и неговиот татко Алан во март, со кој се докажува дека Барселона уште тогаш преговарала со фудбалерот за трансфер од Атлетико Мадрид, тврди шпанскиот „Ел Мундо депортиво“.

Во оваа електронска порака стоеле деталите за понудата на Барселона за Французинот, како и предлог за платата која тој би ја добивал на „Ноу Камп“. Според „Ел Мундо“, ова е главниот доказ кој Атлетико и нивниот извршен директор Мигуел Анхел Хил Марин го имаат во случајот против каталонскиот клуб.

Гризман премина во Барселона, откако клубот плати 120 милиони евра за активирање на неговата откупна клаузула, која на 1 јули беше спуштена од 200 милиони евра. Атлетико сакаат Барселона да плати 200 милиони евра и реши да ги бара парите на арбитража тврдејќи дека имаат докази дека договорот е склучен претходно.

Scroll to Top