Top Sport

Суперчовечка одбрана во КОНКАКАФ Лигата на шампиони (видео)

Клуб Америка од Мексико сити го декласираше панамскиот Тауро ФЦ со 4:0 во првиот меч од четврт-финалето на КОНКАКАФ Лигата на шампиони, во меч кој сепак ќе биде одбележан со неверојатната одбрана на голманот Агустин Маркезин.

Панамскиот клуб беше многу блиску до гол на гости во последната минута од првото полувреме, кога на сцена стапи неверојатниот голман Маркезин.

Иако на почетокот на акцијата, тој има малку сомнителна позиција, мора да му се честита на брзиот кам-бек и на одбраната.

Двата тима го играат реваншот во Панама сити следната недела.

Scroll to Top