Top Sport

Суперлига ефект! Акциите на Јунајтед скокнаа 11 отсто, на Јувентус дури 17 отсто!

И покрај бројните осуди од сите страни по објавувањето на планот за Европската Суперлига на моќните 12 европски клубови, пазарот го кажа своето – акциите на Манчестер јунајтед пораснаа за фантастични 11 отсто по оваа објава.

Од 16.17 фунти во понеделникот наутро, акциите пораснаа за 11.32 отсто на 17.98 до понеделникот попладне, што секако е сигнал дека пазарот реагира на најавите од огромна инвестиција од банката „ЏП Морган“ за формирањето на елитното европско натпреварување.

Премиерлигашот не е единствен кој доби ваква реакција – италијанскиот шампион Јувентус има за 17 отсто повисоки акции во текот на еден ден.

Ко-претседателот на Манчестер јунајтед, Џоел Глејзер најави „ново поглавје“ за европскиот фудбал.

„Со здружувањето на најголемите клубови и фудбалери во текот на една сезона, Суперлигата ќе донесе ново поглавје во европскиот фудбал, гарантирајќи врвни натпреварувања и услови и зголемена финансиска поддршка за пошироката фудбалска пирамида“, изјави Глејзер.

Scroll to Top