Top Sport

Суперлига ќе има, но во организација на УЕФА

Европска Суперлига ќе има, но во организација на Европската фудбалска унија (УЕФА). ФИФА вчера им се закани на играчите и клубовите дека доколку формираат приватна лига, ќе им забрани да играат за националните тимови. За да застане на патот на овој план УЕФА подготвувале нов проект кој би започнал за две и пол години.

УЕФА подготвува целосна реформа на Лигата на шампионите. На крајот богатите и моќните клубови ќе дојдат на своето. Планот е 15 клубови да имаат загарантирано место во Лигата на шампионите, во која би се натпреварувале 20 екипи.

Италијанската „Република“, тврди дека УЕФА за десет дена ќе ги презентира реформите и дека богатите и моќните ќе бидат задоволни од понуденото решение. Секој од клубовите би добил по 350 милиони евра, лигата би се играла во две групи со по 10 тима. Првите четири од групите би избориле директен пласман во плеј-офот.

Загарантирано учество во новата Лига на шампионите би имале шест екипи од Англија (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси, Ливерпул, Арсенал, Тотенхем), три од Шпанија (Барселона, Реал, Атлетико), три од Италија (Интер, Милан, Јувентус), два од Германија (Баерн Минхен и Борусија Дортмунд) и ПСЖ од Франција.

Scroll to Top