Top Sport

Суперлигата ја тужи УЕФА за монопол – Чеферин им одговори: Зошто тогаш играте во ЛШ?

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус не се откажуваат од идејата за формирање на европската Суперлига. УЕФА, против овие клубови, кои не ги следеа стаките на Челси, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Арсенал, Тотенхем, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Интер и Милан, поведе дисциплинската постапка. Можно е Реал, Барселона и Јувентус да бидат суспендирани од Лигата на шампионите.

Реал, Јувентус и Барселона, во понеделникот, покренале судска постапка против УЕФА и ФИФА. Овоое три клуба во тужбата тврдат дека УЕФА и ИФА ги кршат законите за заштита на конкуренцијата.

Ова е уште еден показател дека трите клуба нема така лесно да се откажат од европската Суперлига.

„Зачуден сум што и понатаму објавуваат соопштенија во кои пишува дека и понатаму се членови на Суперлигата, а во исто време кај нас во УЕФА испраќаат пријави за учество во Лигата на шампионите. Знали сакаат да се во Суперлигатам, а да играат во Лигата на шампионите. Јас тоа не го разбирам…Тврдат дека Суперлигата постои, па никој не ги спречува да играат во Суперлигата. Нека тие три клуба играат меѓу себе“, рекол претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, во интервју за „Скај спорт“.

Scroll to Top