Top Sport

Суперталентиран Данец даде гол со „ножички“ за победа (видео)

Јенс Одгард, талентираниот фудбалер на холандски Херенвен постигна прекрасен погодок на мечот меѓу младите фудбалски селекции на Данска и Северна Ирска.

Одгард кој во Холандија игра на позајмица од италијански Сасуоло изведе прекрасен удар со „ножички“ со кој го реши мечот, за победа на Данска со 2-1, на 4 минути до крајот на мечот.

Одгард има 20 години, кариерата ја почна во Лингби, а за младата селекција на Данска на 31 меч има постигнато 18 гола.

Погледнете го неговиот последен:

Scroll to Top