Крилото на Милан, Сусо веќе имал разговори со директорот на клубот Паоло Малдини околу неговата иднина кај „росонерите“, откако италијанските медиуми пренесоа дека Шпанецот сака што е можно побргу да замине од клубот.
Според „Скај спорт Италија“, Милан ги разгледува понудите за шпанскиот напаѓач, по што го повикале во седиштето на клубот во Милано. Сусо во моментов нема агент и затоа сам ги преговара условите за неговото заминување.
26-годишниот Сусо е поврзуван со трансфери во Севилја, но и во ривалите од Серија А, Рома, но Милан не се подготвени да го продадат за помалку од 25 милиони евра, сума која тешко дека некој ќе ја плати.