Top Sport

Хрватска без Циндриќ против Шпанија, неизвесен е и за полуфиналето

Поранешниот ракометар на Вардар, а сега ѕвезда на Барселона, Лука Циндриќ нема да игра во одлучувачкиот меч во групната фаза на Хрватска против Шпанија откако не успеа да се опорави од повредата.

Циндриќ не играше ниту против Чешка поради повреда на мускулот, а хрватскиот селектор Лино Червар реши да го одмори и против Шпанија само за тој да може да се опорави на време за полуфиналето, кое на програмата е во петок.

Хрватска и Шпанија утре во 16 часот ќе одлучуваат кој ќе го освои првото место во групата, со што потенцијално би се избегнала Норвешка и би се играло против Словенија или Унгарија.

Scroll to Top