Сусо, еден од клучните играчи на Милан, вели дека не се плаши дека тимот ќе го продаде за да ги исполни правилата на ФИФА за финансиски ферплеј. Шпанското крило беше еден од клучните играчи во 4:1 победата на гости кај Киево и вели дека сака иднина со Милан.
„Дали можам да бидам жртвуван поради буџетот? Јас го обновив договорот одамна, и да сакаа да ме продадат, ќе го направеа тоа пред продолжувањето. Мислам дека ќе останам тука подолго време“, вели Сусо.
„Росонерите“ овој викенд имаат клучен тест, кога на гости им доаѓа Јувентус во меч кој предизвикува многу внимание.
„Во сабота треба да бидеме компактни и да играме како тим. Дома сме, на нашиот стадион и сè може да се случи. Тие се посилни од нас, бидејќи во спротивност ќе бевме пред нив. Мораме да ги победиме помалите тимови на ‘Сан Сиро’, а за големите мечеви е лесно да се мотивираш. Што ќе направам ако победиме? Ќе одам дома пеш! Да, живеам на 50 метри од стадионот, но тоа не е важно“, вели Сусо.