Top Sport

Суспендиран судија, од Меси побарал автограм

Лионел Меси, пред два дена, покажа дека се уште има магија во неговите нозе. Постигна брилијантен гол за Интер Мајами во Канзас сити во Лигата на шампионите во КОНКАКАФ.

Аргентинецот е еден од најпопуларните спортисти на денешницата. Судијата Ортиз Нава побарал автограм од Меси по натпреварот.

Најпрво се зборуваше дека го побарал дресот од Лионел, но на крајот се покажа дека тој барал авторграм.

Челниците на КОНКАКАФ решија да го казнат судијата за овој гест, бидејќи одлучија дека неговите постапки се непрофесионални.

Целиот случај го пријавиле претставници на Канзас Сити.

Scroll to Top