Фудбалскиот сојуз на Кипар ги суспендирал сите натпревари во втората лига на земјата поради сомнеж за наместени натпревари
„Време е да се почне да се работи на расветлување на сомнителнте активности со обложувањето“ се наведува во соопштението од Фудбалскиот сојуз на Кипар.
Челниците на кипарскиот фудбал објавија дека заедно со УЕФА работат на решавање на проблемите. Клубовите дополнително ќе бидат известени за новите правила поврзани со мечевите кои покажале сомнеж дека се наместени, пред да се продолжи со натпреварувањето.
Во иднина клубовите ќе бидат известувани за можните нелегални работи пред почетокот на натпреварот, наговестиле челниците на кипарскиот фудбал.
Соопштено е дека наредната натпреварувачка сезона ќе биде реконструирана втората лига на Кипар, но повеќе детали не беа соопштени.