Top Sport

Крафорд го помина Мајкл Џордан, на 39 години даде над 50 поени на меч (видео)

Ветеранот во НБА лигата Џемал Крафорд испиша нови страници во историјата на најквалитетната кошаркарска лига во светот.

Тројниот освојувач на наградата за најдобар шести играч во НБА во поразот на својот Феникс од тимот на Далас запиша скор од 51 постигнат поен.

Крафорд овој подвиг го направи со полни 39 години со што стана најстариот играч во лигата кој успеал да постигне најмалку 50 поени на еден меч.

Тој рекорд претходно го држеше легендарниот Мајкл Џордан кој педесетина дена пред 39-от роденден уфрлил 51 поен, на 29 декември 2001 година.

Крафорд уште во една категорија стана рекордер. Феникс Санс е четвртиот тим во лигата во чиј дрес Крофорд постигнува 50 или повеќе поени.

Претходно истото го направи и во дресот на Чикаго Булс, Њујорк Никс и Голден Стејт Вориорс.

Scroll to Top