Top Sport

Суспендирани судиите од мечот Аргентина-Бразил

Аргентина и Бразил, пред два дена го одиграа дербито, во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство. Долго очекуваниот натпревар во Сан Хуан не ги оправда очекувањата.

Натпреварот го обележа грубата игра од двете страни. Уругвајскиот судија, Андрес Куна покажа шест жолти каротни.

Сепак тој не го санкционираше стартот на Николас Отаменди врз Рафиња во првата половина од првото полувреме. Лактот на Отаменди заврши во лицето на Рафиња. Бразилецот крвареше од устата поради што неколку минути беше надвор од теренот.

За овој старт судијата не покажа каратон.

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Јужна Америка, донесе одлука да го суспендира главниот судија и судијата од ВАР собата, бидејќи не го казниле Отаменди за грубиот прекршок.

Дербито заврши без голови. Со освоениот бод Аргентина обезбеди пласман на Мундијалот. Две кола претходно, пласман на Светското првенство избори Бразил.

Scroll to Top