Top Sport

Суспензија и парична казна за Матеус Куња

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го суспендираше играчот на Вулверхемптон, Матеус Куња на два натпревари поради инцидентото што го предизвика по завршувањето на со Ипсвич, објави Би-Би-Си.

На 14 декември, Вулверхемптон беа поразени на домашен терен од Ипсвич (1:2) во натпревар од 16. коло на Премиер лигата.

Ипсвич победи со голот на Џек Тејлор во четвртата минута од судиското надополнување, а по завршувањето на натпреварот се случија инциденти.

Би-Би-Си објави дека Куња е обвинет за недолично однесување откако удрил со лакт член на стручниот штаб на Ипсвич. Бразилскиот фудбалер ги призна обвиненијата и покрај суспензијата ќе мора да плати и 80.000 фунти.

Матеус Куња поради суспензија ќе мора да го пропушти премиерлигашкиот натпревар против Нотингем Форест, како и дуелот од третото коло од ФА Купот со Бристол Сити.

Казната е прифатлива за Вулверхемптон, бидејќи претходно се најавуваше дека тимот ќе биде без најдобриот пет натпревари, односно дека Куња ќе ги пропушти сите натпревари на „Волците“ во јануари.

Scroll to Top