Вечерва во Лигата на шампионите на програмата се натпреварите од претпоследното коло во А-Д сегментот.
Неколку интересни натпревари се на програмата вечерва, а секако дерби пресметките ќе ги одиграат Јувентус и Атлетико, односно Реал и ПСЖ.
Јувентус имаа обезбедени пласман во нокаут рундата, слично како и ПСЖ. За разлика од нив тимовите од Мадрид допрва треба да си го потврдат пласманот меѓу најдобрите 16.
Интересен меч се очекува во Белград помеѓу Црвена ѕвезда и Баерн Минхен. Баварците се веќе во осмина-финалето, додека српскиот првак има теоретски шанси за пласман понатаму, но за нив поважно е да ја обезбедат третата позиција и пласман што им гарантира место во Лига Европа.
Во Милано Аталанта ќе го пречека Динамо Загреб. Хрватскиот првак со евентуална победа ќе се доближи до нокаут фазата.
Грула А:
Галатасарај-Клуб Бриж
Реал Мадрид-Пари Сен Жермен
Табела: ПСЖ 12, Реал 7, Бриж 2, Галатасарај 1
Група Б:
Црвена ѕвезда- Баерн Минхен
Тотенхем-Олимпијакос
Табела: Баерн 12, Тотенхем 7, Црвена ѕвезда 3, Олимпијакос 1
Група Ц:
Аталанта-Динамо Загреб
Манчестер сити-Шахтјор
Табела: Манчестер сити 10, Шахтјор 5, Динамо 5, Аталанта 1
Група Д:
Локомотив Москва-Баер Леверкузен
Јувентус-Атлетико Мадрид
Табела: Јувентус 10, Атлетико 7, Локомотив 3, Баер 3
Дуелите Галатасарај-Бриж и Локомотив Москва-Баер Леверкузен ќе започнат во 18.55 часот, останатите шест натпревари се играат во редовниот термин од 21 часот.