Голем број на клубови, принудната пауза што настана поради коронавирусот, ја користат за планирање на наредната сезона. Интер со Антонио Конте планира засилувања во редот за врска.
Веќе неколку месеци со Интер се поврзува играчот на Барселона, Артуро Видал, а денес според италијанските медиуми објавија дека Конте го сака во својот тим и светскиот првак со Франција од 2018 година.
Корентан Толисо во 2017 година од Лион се пресели во Баерн. Интер и тогаш беа заинтересирани за него но немаа пари да го платата обесштетувањето.
Толисо во Баерн не покажа ниту дел од своите квалитети, најмногу поради честите повреди.
Се претпоставува дека Баерн би прифатиле 35 милиони евра за Толисо.