Во Камбоџа е соборен светскиот рекорд според бројот на учесници и должината на траење на еден фудбалски натпревар.
Натпреварот започнал во средата, а завршил во неделата, кога во Москва се играше финалето на Светското првенство. Натпреварот каде е соборен светскиот рекорд е одигран во академијата „Форца“.
Вкупно учествувале 2.734 играчи, а натпреварот траел 84 и пол часа.
Полот, возраста и бојата на кожата не биле важни. Инаку, претходниот рекорд беше поставен во Чиле, на фудбалски меч на кој учествувале 2.357 луѓе.