Top Sport

Светското првенство во Катар ќе чини 220 милијарди долари!

Светското првенство во фудбал во Катар нема да биде посебно само по тоа што ќе се одржува во текот на зимата, ниту по тоа што е прв шампионат на Блискиот Исток, туку поради процената цена од неверојатни 220 милијарди долари.

За споредба, претходниот Мундијал во 2018 година ја чинеше Русија 11.6 милијарди долари, првенството во Бразил во 2014 година имаше цена од 15 милијарди евра, а на пример СП во 1994 во САД беше со оперативни трошоци од само 500 милиони евра.

Катар очекува 1.2 милиони посетители за време на Светското првенство, на кое потрошија 10 милијарди долари само наа изградба на новите стадиони, додека поголемиот дел од парите беа потрошени на проекти во инфраструкурата – нов аеродром, нова модерна метро врска, како и голем број на хотели.

Катар беше критикуван пораи човековите права на илјадниците работници-мигранти, откако до Министерството за труд на земјата беа доставени 2.000 жалби, а западните организации за човекови права тврдат дека неколку илјади работници ги загубиле своите животи работејќи на градежните проекти.

Мундијалот започнува на 20 ноември, а финалето ќе се игра на 18 декември.

Scroll to Top