Младиот голман на Бенфика, Миле Свилар дефинитивно ќе го памети Манчестер јунајтед. Ако ништо друго, тогаш затоа што двапати се запиша во листата на стрелците за гигантот од Англија.
18-годишниот Свилар, белгискиот голман со српско потекло, кој стана најмладиот голман со настап во историјата на Лигата на шампионите, несомнено е голем талент и го очекува блескава иднина, како што рече самиот Жозе Мурињо по мечот во Лисабон, но во средата дефинитивно беше тема за хумор на Твитер и социјалните мрежи.
Marcus Rashford’s goal. ?
Brilliant awareness ?? pic.twitter.com/LgdlZxFNrX
— Man Utd Channel (@ManUtdChannel) October 18, 2017
Свилар на првиот меч во Лисабон стана „славен“ откако по една лоша интервенција на ударот на Маркус Рашфорд ја внесе топката во голот за да им донесе три поени на Јунајтед.
Во средата на „Олд Трафорд“, ситуацијата беше малку поинаква. Тој прво го одбрани ударот од пенал на Марсијал, за потоа да прими еден од најсмешните голови во Лигата на шампионите – ударот на Немања Матиќ се одби од дирекот и го удри во телото, така што голот повторно му беше припишан на голманот. Јунајтед му дадоа уште еден гол, откако Дејли Блинд беше сигурен од белата точка.
Сепак, младиот Свилар треба да се „крене“ од овој кошмар и да ја научи лекцијата. И да се надева дека неговата Бенфика повторно нема да се падне во група со „Црвените ѓаволи“.
Benfica goalkeeper Mile Svilar with his second goal in as many games for Manchester United pic.twitter.com/jso0dCISBa
— ODDSbible (@ODDSbible) October 31, 2017
The Champions League career of Mile Svilar:
Error vs. Man Utd
Saves a penalty vs. Man Utd
Own goal vs. Man UtdCan’t catch a break. pic.twitter.com/ry5vF7GqMO
— Squawka News (@SquawkaNews) October 31, 2017
Мурињо за Свилар: Ова момче ќе биде ѕвер, ќе биде голем голман