Top Sport

Свирежите за Меси од „Паркот на принцовите“ се слушнаа до Каталонија

Лионел Меси минува низ најтешкиот период во ПСЖ. Аргентинецот беше исвиркан пред и по натпреварот со Рен, кој „светците“ го загубија (0:2). За разлика од Меси, неговиот поранешен клуб, Барселона ги живее најдобрите моментит уште од неговото заминување во Париз.

Навивачите на ПСЖ го означија Меси за најголем виновник, за лошите изданија и елиминацијата во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Во контекст на ова одат и медиумските шпекулации дека во ПСЖ се премислиле и дека нема намера да му понудат нов договор на Аргентинецот.

Еден од капитените на Барселона и херојот на синоќешното „Ел Класико“, Серхи Роберто јавно му порача на Меси дека со раширени раце го чека соблекувалната.

„Кој не би бил подготвен за враќање на Лео? Не зборуваме многу за тоа, бидејќи тоа е тема за која одлучуваат тренерот и претседателот, но ние играчите ќе го пречекаме со раширени раце. Меси не го заслужуваат третманот што го добива во Париз“, рече Роберто.

 

Scroll to Top