Фудбалскиот клуб Свонси го именуваше Португалецот Карлос Карвахал за нов шеф на стручниот штаб.
Карвахал потпишал договор до крајот на сезоната, а на функцијата го наследи Пол Клемент, кој доби отказ минатата недела.
Португалецот на клупата на „Лебедите“ пристигна од Шефилд откаде замина пред неколку дена.
Претходно тој работел во Бешикташ и Спортинг Лисабон.
Свонси по 20 кола во Премиер лигата се наоѓа на последното место на табелата со само 13 поени.