Тимот на Свонси го именуваше Португалецот Карлос Карваљал како менаџер до крајот на сезоната. Карваљал беше отпуштен од англискиот второлигаш Шефилд Венсдеј на Божиќ, но пред Нова Година си најде подобра работа.
Тој се наоѓа пред тешка задача да го спаси тимот од Велс од испаѓање – Свонси се последни со 13 поени од 20 натпревари, скор по кој беше отпуштен Пол Клемент.
„Задоволни сме од Карваљал и верувале дека ситуацијата мора да се реши што е можно побргу за да го почнеме вториот дел од сезоната со нов оптимизам“, вели претседателот на Свонси, Хју Џенкинс.
Карваљал со Венсдеј двапати обезбедуваше место во плеј-оф за влез во Премиер лигата, но двапати губеше, но „Буфовите“ имаа лош старт на сезоната, и Португалецот ја загуби работата откако го доживеа осмиот пораз во низа.