Поранешниот играч и капитен на Баер Леверкузен, Џонатан Та, потпиша за Баерн Минхен.
Германскиот дефанзивец, дојде во Баерн како слободен играч, со Баварците потпиша договор до 2029 година. Тој ќе го носи дресот со број четири.
„Во Џонатан Тау, добивме играч со меѓународно искуство и квалитет, на кого нема да му треба долго време да се етаблира во нашата одбрана. Тој ќе биде добро и важно засилување за нас со своите технички квалитети, како и со своите манири и лидерски способности“, изјави спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.
Та (29) играше за Баер Леверкузен од 2015 година, настапи на вкупно 402 натпревари. Неговиот договор со Баер истече по завршувањето на сезоната 2024/25.
Како играч на Баер, тој беше избран три пати во идеалниот тим на Лига Европа, додека двапати беше член и на најдобриот тим на Бундеслигата.
Одигра вкупно 35 натпревари за германската репрезентација, за која дебитираше во 2016 година.