Трeнт Александер-Арнолд (ТАА), десниот бек на Ливерпул, во интервју за „АС“, открил дека вториот омилен тим му е Барселона.
ТАА е продукт на академијата на Ливерпул, за сениорскиот тим дебитирал во 2016 година. Со Ливерпул би англиски и европски првак.
„Мислам дека Барселона негува исти вредност како и Ливерпул. Двата тима се потпираат на играчи од клупските академии. Јас пораснав гледајќи ја Барселона со Меси, Чави, Иниеста, Ето“, рекол 23-годишниот десен бек.
ТАА, во кариерата има одиграно 214 натпревари за Ливерпул, постигнал 12 голови и забележал 60 асистенции.