Прерано е да се извлече заклучок, вистинската драма ќе следи дури во последното коло, но дури и по завршувањето на натпреварите од второто коло, може да се направи интересен пресек и да се здогледа дел од конечниот мозаик.
Во продолжение ја презентираме табелата на третопласираните селекции, во групите на Светското првенство. Осум од 12-те третопласирани репрезентации ќе се пласираат во нокаут фазата.
Репрезентациите на врвот на оваа табела: Шведска, Шкотска, Хрватска, Алжир и Парагвај, се во одлична позиција. Со три освоени бода од два натпревари, дури и нерешено би им гарантирало место меѓу 32-те селекции во елиминациската фаза.

Секако, некои од нив можат да „скокнат“ на второто место во последното коло и да избегнат какви било калкулации, но тоа нема да се знае до последен момент.
Швеѓаните, со гол разлика од 6:6, моментално ја држат пол-позицијата меѓу третопласираните играчи.
Ситуацијата со екипи како Зелено’ртските Острови и Белгија е интересна. Двете селекции имаат по два бода од два нерешени резултати. Тие се во групата екипи кои сè уште држат сè во свои раце.
Победа во последното коло ги носи директно во нокаут фазата, но дури и трето реми по ред би можело да биде доволно за да се обезбеди трето место меѓу првите осум.
Фавотитите од сенка, Хрватите и Белгијците, светски вицешампиони и третопласирани од Светското првенство во Русија 2018, исто така можат да стигнат и до втората позиција, но дури и да бидат непријатно изнеандени последното коло.
Тимовите од осмо до 12-то место се во најтешка ситуација: Чешка, ДР Конго, Еквадор, Босна и Херцеговина и на крај Сенегал, како единствена третопласирана екипа без ниту еден бод.
Foto/ EPA
