Top Sport

Тадиќ и Ливаковиќ на пат кон Фенербахче

Турскиот гигант Фенербахче е на пат да ангажира две многу сериозни имиња од Балканот. Првиот голем трансфер, кој е само неколку часа до финализирање, е тој на Душан Тадиќ, кој пред неколку дена го напушти тимот на Ајакс и во раните утрински часови одлета за Истанбул.

Фенербахче е многу блиску до потпис и со хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ. Се вели дека голманот на Динамо Загреб ќе пристигне покрај Босфор за сума од 9 милиони евра.

Сите други услови се договорени, а останува само да се размени потребната документација.

Ливаковиќ синоќа со Динамо Загреб го освои Суперкупот на Хрватска.

Scroll to Top