Србија синоќа загуби од Англија (1:0) на Европското првенство. Лошата игра во првите 20 минути придонесе за поразот на Србија.
Српската јавност, пред мечот беше изненадена од одлуката на селекторот да го остави капитенот Душан Тадиќ на клупата за резерви.
Тадиќ во игра влезе дури во 61. минута наместо Александар Митровиќ. Видно разочаран по натпреварот тој удри по селекторот Стојковиќ.
„Јас сум капитен, јас сум лидер. Мислам дека сум најдобриот играч во овој тим без лажна скромност. Секако мислам дека требаше да почнам. Ја почитувам одлуката на селекторот. Многу повеќе можев да направам доколку играв 90 минути. Секако дека сакав да играм 90 минути, но ја почитувам одлуката. Јасно е дека сакаш да биде дел од колективот и да направиш се за него. Одиме понатаму, најважно е да ја минеме групата. Сплотеени сме, тоа е најважно“, изјави Тадиќ по натпреварот.
За ова пред Тадиќ беше прашан и Пикси, кој вели дека одлуката била чисто тактичка.
„Не стануваше збор за никава повреда. Тоа беше тактичка одлука. Сакав да го поштедам. Знаев дека вториот дел ќе биде одлучувачки. Го сакав свеж, тоа беше дел од тактичкиот план“, изјави селекторот Стојковиќ.