Шампионот на Србија, фудбалскиот клѕб Црвена звезда, по трансферот на Марко Арнаутовиќ, подготвува уште една „бомба“ на трансфер пазарот. Медиумите во оваа земја тврдат дека часови го делат Душан Тадиќ од трансфер во црвено-белиот клуб.
Тадиќ треба да им се придружи на црвено-белите пред двомечот со полски Лех во квалификациите за Лигата на шампионите.
Со Тадиќ и Марко Арнаутовиќ во тимот, црвено-белите би имале повеќе од респектабилен тим дури и за концептите на европската елита.
„Генералниот директор на црвено-белите Звездан Терзиќ успеа во она што се обидуваше да го направи во претходните недели, бидејќи Тадиќ се согласи на сите понудени услови во среда вечерта и потпиша договор со актуелниот шампион на Србија“, пишува „Мондо“.
Терзиќ неодамна откри дека ако Тадиќ се согласи на понудата на Звезда, ќе стане најплатениот фудбалер во историјата на српскиот фудбал. Се шпекулира дека со бонусите плата на Тадиќ би била три милиони евра.
„Тој е паметен човек, многу размислува за фудбалот, тактиките, кога го слушам како размислува, ќе биде одличен тренер, сè ќе му биде полесно ако ја заврши кариерата во Звезда“, рече Терзиќ пред неколку дена.
Тадиќ пристигнува во Црвена Звезда откако ја заврши двегодишната соработка со турскиот гигант Фенербахче, а пред тоа го носеше дресот на Ајакс, Саутемптон, Твенте, Гронинген и Војводина, каде што ја започна својата сениорска кариера.
Се шпекулираше дека и Атлетико Мадрид бил заинтересиран за него, но двете страни не успеале да постигнат договор, а Војводина од Нови Сад исто така се надеваше дека ќе го врати во своите редови.
Во својата кариера, Тадиќ постигна 231 гол со 265 асистенции во 770 натпревари. За Србија има рекордни 111 настапи и 23 гола и 40 асистенции.