Top Sport

Тадиќ и наредната сезона ќе игра за Ајакс

Душан Тадиќ, најдобриот играч на Ајакс оваа сезона, летово нема да ги напушти редовите на холандскиот фудбалски великан.

Медиумите во оваа земја објавија дека клупските челници постигнале договор со репрезентативецот на Србија и наредната сезона да остане во Амстердам.

Тадиќ има договор со Ајакс до јуни 2021 година, меѓутоа со формата во која игра го привлече вниманието на неколку гиганти на европскиот фудбал.

Во клубот сметале дека доколку Тадиќ замине тоа би бил голем хендикеп за тимот, кој летово ќе остане без Матојас Де Лихт и Френки Де Јонг, поради што постигнале џентлменски договор со Србинот да остане барем уште една сезона во Амстердам.

Поранешниот играч на Војводина, Гронинген, Твенте и Саутемптон оваа сезона има одиграно 43 натпревари, на кои забележал 29 гола и 16 асистенции.

Минатото лето Тадиќ го засили Ајакс. Холанѓаните на Саутменптон за неговите услуги им платија 17 милиони евра.

Scroll to Top